Овие алатки се развиени во рамки на проектот „Конвергенција на климатска и еколошка правда“ (CEJ Convergence), финансиран од Француската агенција за развој (AFD) и спроведен од Expertise France. Проектот има за цел да ја зајакне еколошката демократија и учеството на јавноста во одлучувањето, особено во Албанија и Северна Македонија.
Процесот во Ресен започна со оценка на потребите за учество на јавноста, која покажа каде постојат празнини во комуникацијата, инклузијата и транспарентноста. Врз основа на оваа анализа беа дизајнирани и тестирани практични алатки – прво со општината, а потоа и со граѓаните – за да се обезбеди одговорно управување со животната средина на локално ниво.
ЛЕАП – Локален акциски план за животна средина (2026–2032)
Упатството за учество на јавноста во развивање на ЛЕАП овозожува општината, заедно со граѓаните, институциите и бизнисите, да ги дефинираат локалните приоритетни еколошки проблеми и да ги претворат во конкретни и остварливи активности. Процесот се одвива во три чекори – разбирање на состојбите, заедничко планирање и финализирање – секој чекор е поддржан со практични алатки за анкети, работилници и јавни консултации.
СОЖС – Стратегиска оцена на животната средина за Паркот на природата Езерeни
Алатките за СОЖС обезбедуваат структурирана рамка за суштинско учество на јавноста во подготовката на Планот за управување со Езерани. Вклучува мапирање на засегнати страни, консултации за референтната состојба, ко‑креирање на мерки за ублажување и јавна расправа. Целта е да се интегрира локалното знаење со техничката експертиза и да се обезбеди легитимност и доверба во донесените одлуки.
Преземи ги документите: