Одделение за урбанизам и комунални работи, ги врши работите што се однесуваат на:
следење на законските и подзаконските акти од областа на урбанизмот, посторното планирање и заштитата на животната средина,
следење на состојбата во областа на урбанизмот на подрачјето на Општината и покренува иницијативи и предлози за донесување или изменување на детални урбанистички планови,
прибирање и стручно обработување на барањата и иницијативите од физички и правни лица за измена на детални урбанистички планови,
подготвување на документацијата и информационата основа за покренување постапка за изработка,
донесување или изменување на детални урбанистички планови на Општината,
учество во изработка на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општината,
издавање на одобренија за градба,
следење на законските и подзаконските акти од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура и истите ги применува,
работи во врска со организирање, изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици,
вршење на работите сврзани со јавното осветлување во градот и населените места на подрачјето на Општината,
следење на состојбите за уредување и одржување на јавното зеленило,
вршење и други работи што со посебни закони за комунални дејности се дадени во надлежност на Општината,
следење на прописите од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура и давање на мислења по истите од својата област,
учествува во изготвување на програми и извештаи и ја следи проблематиката од областа на комунални работи, сообраќај, – изградба и одржување на комуналната инфраструктура,
уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници,
грижа за изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање,
регулирање на режимот на сообраќај,
анализа на состојбата и дава иницијативи за нивно разрешување од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и – одржување на комуналната инфраструктура,
организирање на работите со јавното осветлување на население места,
и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.
Мени за пристапност
Оваа веб-страница користи „колачиња“, за да го подобри корисничкото искуство. Доколку ги прифаќате условите притиснете „Се согласувам“.