Одделение за инспекциски надзор
Одделение за инспекциски надзор
Одделението за инспекциски надзор- Инспекторат, ги врши работите што се однесуваат на:
- грижа и вршење на надзор над примената на законските прописи од соодветна област;
- инспекциски надзор врз изградбата на објекти од инфраструктурата, режимот на сообраќајот и патиштата;
- грижа за спречување на дивоградбите и покренува соодветни постапки против бесправните градби на објекти, односно од областа на градежништвото и урбанистичкото планирање;
- инспекциски надзор на јавната чистота, зелените површини, собирање и транспорт на отпад односно од областа на комуналните работи ;
- инспекциски надзор на јавните претпријатија кои вршат комунални дејности за Општината и на физичките лица кои вршат дејности со дозвола;
- вршење на инспекциски надзор на прибирањето изворните приходи, локалните даноци и такси
- инспекциски надзор и се грижи за чистотата на животната средина и природата;
- инспекциски надзор над вршителите на угостителска и туристичка дејност од мал обем,
- вршeње на инспекциски надзор и контрола во образованието и спортот;
- вршење надзор во согласност со Законот за домување.
- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.