Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

Информации• Новости• Обраќања• Седници на совет• Соопштенија

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службeн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015,11/2015,10/2021 и 10/2026), донесувам,

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

Ја свикувам 20-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.11.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот,

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 19-та седница
  1. Предлог-План на програми за развој во Општина Ресен за 2027-2029 година.
  2. Предлог – Одлука за извршување на отпис на должничките салда на непостоечки-избришани фирми на правни субјекти и трговци поединци  по основ на  комунална такса за  истакнат назив на фирма односно деловна просторија.
  3. Предлог-Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2027 година.
  4. Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари-дидактичка опрема на ЈОУДГ “ 11 Септември“ Ресен.

Бр.08-3124 /1                                                                               Претседател

06.11.2026 година                                                                  Коста Замановски с.р

Ресен

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Информации• Новости• Соопштенија
Известување од ЦУК
Информации• Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК за работно ангажирање на 20 лица