Согласно надлежностите на Центарот за управување со кризи во пресрет на престојниот зимски период, заради навремено справување со настанатите ризици и опасности од поплави, излевање на реките и водотеците, снежни врнежи и наноси од сснег, појава на свлечишита и одрони на патните правци и други настанати ризици и опасности, а со цел превземање на навремени превентивни активности, Ве информираме дека жителите на целата територија на Општина Ресен, можат да го користат бесплатниот број за итни телефонски повици 112.
КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЈАВИТЕ НА 112?
На 112 јавете се кога постои непосредна опасност по животот, здравјето, безбедноста, имотот или животната средина и кога е потребна итна интервенција на Полицијата, Итната медицинска помош, противпожарните или другите надлежни служби.
Доколку ситуацијата не бара итна реакција, обратете се до институцијата или службата надлежна за конкретниот проблем преку нејзините редовни контакт-канали.
