Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен“ бр.7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015, 10/2021 и 10/2026), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница
на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 18-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 24.09.2026 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 17-та седница
- Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „11 Септември“ Ресен за 2025/2026 година.
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „11 Септември“ Ресен 2026/2027 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на работното време на вработените во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „11 Септември“ Ресен во воспитно – згрижувачката 2026/2027 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност за прием на поголем или помал број на деца во воспитните групи на ЈОУДГ „11 Септември“ Ресен за воспитно – образовната 2026/2027 година.
- Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари-дидактичка опрема на ЈОУДГ “ 11 Септември“ Ресен
- Предлог – Оперативна програма за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Ресен за сезоната 2026/2027 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр.310/6 во КО Стење, на барање на Валентино Јанакиевски од Битола, ул. „Цветан Димов“ бр.19
- Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградените објекти, на КП бр.945/1 во КО Штрбово, со намената на земјиштето, на барање на Танас Митревски од с. Штрбово, Ресен.
- Предлог-Одлука за доделување на општински награди и признанија.
- Советнички прашања.
Бр.08-2746/1 Претседател
17.09.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен