Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен“ бр.7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на Свечена седница на
Советот на Општина Ресен
Ја свикувам Свечената седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 11.09.2026 година (Петок) во 11:00 часот во Големата сала на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на работно Претседателство.
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Ресен г. Јован Тозиевски по повод 82 години од ослободувањето на Ресен и Преспа.
- Формирање на делегации за полагање на свежо цвеќе на бистите на паднатите борци.
Бр.08-2616/1 Претседател
04.09.2026 година Коста Замановски
Р е с е н