Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

Информации• Новости• Седници на совет• Соопштенија

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015, 10/2021 и 10/2026), донесувам,

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 21-вата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 04.12.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

–   Усвојување на записникот од 20-та седница

  1. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
  2. Предлог – Програма за дел од активностите и работа на Општинската организација на Црвен Крст на Ресен за 2027 година.
  3. Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште сопственост на Р.С. Македонија на подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
  4. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи за 2027 година.
  5. Предлог- Програма за изградба на канализациони системи и изградба на фекални канализации во Општина Ресен за 2027 година
  6. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
  7. Предлог – Програма за изградба и одржување на сообраќајна сигнализација за подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
  8. Предлог – Програма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортската инфраструктура во Општина Ресен за 2027 година.
  9. Предлог – Програма за културни активности што се финасираат од Буџетот на Oпштина Ресен за 2027 година.
  10. Предлог – Програма за одбележување на значајни настани и личности од Општина Ресен за 2027 година.
  11. Предлог – Програма за еднакви можности на жените и мажите во Општина Ресен за 2027 година.
  12. Предлог – Програма за реализација на активностите на Општина Ресен од областа на заштитата и спасувањето за 2027 година.
  13. Предлог – Програма за ревитализација по елиминирање на кризи во Општина Ресен за 2027 година.
  14. Предлог – Програма за спроведување на соодветни мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
  15. Предлог – Програма за Локален економски развој на Општина Ресен за 2027 година.
  16. Предлог – Програма за Поттикнување на развојот на туризмот во Општина Ресен за 2027 година.
  17. Предлог – Програма за Прекугранична соработка во Општина Ресен за 2027 година.
  18. Предлог – Програма за енергетска ефикасност на Општина Ресен за период 2027-2029 година.
  19. Предлог – Програма за одржувaње на комуналната хигиена во 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  20. Предлог – Програма за одржување на јавната чистота во град Ресен за 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  21. Предлог – Програма за работа на градските гробишта – Ресен за 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  22. Предлог – Програма за работа на канализација и прочистување на отпадни води за 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  23. Предлог – Програма за работа на РЕ Водовод во текот на 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  24. Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ с.Долна Бела Црква при ООУ „Славејко Арсов“ с.Подмочани.
  25. Збирен Извештај за проценетата штета од природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен за 2025 година настанати на ден 11.07.2025 година.
  26. Советнички прашања.

 

Бр.08-3307 /1                                                                                  Претседател

27.11.2026 година                                                                        Коста Замановски

Ресен

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Информации• Новости• Соопштенија
Јавен увид и консултација
Информации• Новости• Соопштенија
Соопштение за подмирување
Информации• Новости• Обраќања• Седници на совет• Соопштенија
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Информации• Новости• Соопштенија
Известување од ЦУК