Почетна


Градоначалникот Гошаревски оствари средба со ракометарот на Р.К. Вардар, Владо Недановски


Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска оствари средба со ракометарот и добитник на златен медал од финалето во ЕХФ лигата на шампионите со ракометниот клуб „Вардар“, Владо Недановски.

Во знак на благодарност за успешна промоција на општина Ресен и Преспа во спортот, градоначалникот Гошаревски му додели пригоден подарок, додека пак Недановски за спомен му подари спортски дрес од ракометниот клуб Вардар.