Почетна


Велигденска честитка од градоначалникот Живко Гошаревски


По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, упати честитки до сите православни верници:

-Почитувани Преспани, почитувани сограѓани, во мое лично име и во името на сите вработени во општина Ресен Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден. 
Велигден е темелот на нашата вера, нашата религија, нашето постоење и нашата иднина.
Нека во нашите срца и души се всели духовен мир, спокојство, радост и разбирање.
Ви посакувам пред се многу здравје, среќа, љубов и верба и само така би го почувствувале единството со Бог.
Христос воскресе- навистина воскресе
За многу години- стои во честитката на градоначалникот.