Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015, 10/2021 и 10/2026), донесувам,
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 21-вата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 04.12.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 20-та седница
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог – Програма за дел од активностите и работа на Општинската организација на Црвен Крст на Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште сопственост на Р.С. Македонија на подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи за 2027 година.
- Предлог- Програма за изградба на канализациони системи и изградба на фекални канализации во Општина Ресен за 2027 година
- Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за изградба и одржување на сообраќајна сигнализација за подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортската инфраструктура во Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за културни активности што се финасираат од Буџетот на Oпштина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за одбележување на значајни настани и личности од Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за еднакви можности на жените и мажите во Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за реализација на активностите на Општина Ресен од областа на заштитата и спасувањето за 2027 година.
- Предлог – Програма за ревитализација по елиминирање на кризи во Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за спроведување на соодветни мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за Локален економски развој на Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за Поттикнување на развојот на туризмот во Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за Прекугранична соработка во Општина Ресен за 2027 година.
- Предлог – Програма за енергетска ефикасност на Општина Ресен за период 2027-2029 година.
- Предлог – Програма за одржувaње на комуналната хигиена во 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Програма за одржување на јавната чистота во град Ресен за 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Програма за работа на градските гробишта – Ресен за 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Програма за работа на канализација и прочистување на отпадни води за 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Програма за работа на РЕ Водовод во текот на 2027 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ с.Долна Бела Црква при ООУ „Славејко Арсов“ с.Подмочани.
- Збирен Извештај за проценетата штета од природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен за 2025 година настанати на ден 11.07.2025 година.
- Советнички прашања.
Бр.08-3307 /1 Претседател
27.11.2026 година Коста Замановски
Ресен