Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

ИнформацииСоопштенија

Манифестацијата „Мојот дел од природата“ на 26 август ќе се одржи во Ресен

Манифестацијата „Мојот дел од природата“ на 26 август ќе се одржи во Ресен

На 26 август, во пресрет на Светскиот ден на езерата, ве покануваме на градскиот плоштад во Ресен заедно да ја прославиме Преспа на јавната манифестација „Мојот дел од природата“. 💚
Очекувајте вечер исполнета со разговори, дружење, локални вкусови, игра и музика – но пред сè, можност заедно да размислиме за тоа како да го зачуваме природното богатство на Преспа и да создадеме иднина во која и луѓето и природата ќе напредуваат.
🕕 ПРОГРАМА
18:00 | Отворање на настанот
– Воведно обраќање на Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен
– Воведно обраќање на Робертина Брајаноска, извршна директорка на Македонското еколошко друштво
18:15 | Потпишување на Декларација за основање на Прекугранична работна група за шуми
18:30 | Панел-дискусија
„Зачувување и одржливо управување со природното наследство на Преспа“
Во разговорот ќе учествуваат:
• Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина при Општина Ресен
• Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при ЈУ Национален парк „Галичица“
• Драган Арсовски, раководител на Програмата за знаење и наука при Македонското еколошко друштво
• Маријана Милевска, проектна менаџерка во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за проектот „ЕУ за Преспа“
А покрај разговорите – Преспа ќе ја доживееме и преку она што го создаваат луѓето кои живеат тука. ❤️
🍎 Штандовска презентација на локални производи
🎲 Натпревар во друштвената игра „Преспа“
🎶 20:30 | Музичка вечер
Вечерта ја започнуваме со автентична староградска музика со групата „Персиди“, а потоа продолжуваме со добро познатиот локален рок бенд „Пуш Пауза“.
🌿 Дојдете да се сретнеме, да разговараме, да се забавуваме и заедно да ја прославиме природата што нè опкружува.
Затоа што Преспа е наша – и секој од нас има свој дел од природата. 💙
Настанот се организира во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).
Можно е да е слика од текст кој вели „Funded by the European Union EUr Prespa PONT NATLRE TRUST ДЕЛ од ПАНЕЛ-ДИСКУСИА ПАНЕЛ ПРИРОДАТА „Зачувуване и одржливо управуванье Ресен 26.8.2026 18:00 co природното наследство на Преспа" AjMaH Ал Малла Општина Ресен Андон Божаци Jy Национален НационаленпаркГаличица" парк "Галичица" Драган Драганарсовски Арсовски Македонско еколошкодруштв друштво еколошко Настанот ke биде фотографиран видеографиран Марилана Милевска Програмаза pa3Boj на Обединетитенации(2 Обединетите нации (УНДП) 超力装 PRESPA GREEN & BLUE INITIATIVE ดกโ MACEDONIAN ECOLOGICAL SOCIETY PPNEA T2HEM ОЯ EPROECLON“
Можно е да е слика од текст кој вели „Funded by the European Union EUir Prespa PONT N4TUPET TRUST PRESPADHBIT MOJOT AEЛ OA nPИPOAATA PeceH |26.8.2026 I 18:00 WTAHAOBCKA nPE3EHTAUИЛA HAA 15 1 WTAHAOBИ HA ЛOKAЛHИ nPOИ3BOAИTEЛИ, 3AWTИTEHИ nOAPA4ЛA и rPArAHCKИ OPrAHИ3AUИИ AEAOOTM HacTaHoT ke 6иAe фoTorpaфиpaH BиAeorpaфиpaH PRESPA GREEN & BLUE INITIATIVE អ្មរាជ MACEDONIAN ECOLOGICAL SOCIETY Ε 全味阿果 PPNEA SOUETYPOR“
Можно е да е слика од текст
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
ИнформацииСоопштенијаНовости
Јавен повик ЈКП