Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

Информации• Соопштенија• Новости

Известување за јавна расправа

Известување за јавна расправа

Се известуваат сите заинтересирани страни, дека на 15.09.2021 година (среда) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за реализација на проект за инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен, во должина од околу 9.2 км.

Нацрт текстот на Проектната програма за изработка на техничка документација на ниво на проект за инфраструктура, заедно со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за реализација на проект за инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен, се објавени на страната на Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Ресен (известување за спроведување на постапка), соодветно.

Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата тоа може да го направат на следниот линк: MS Teams link за Јавна расправа – Обиколница на Ресен. Дополнително, Ве замолуваме, да го пријавите вашето учество најдоцна до 14 септември (вторник) во 12.00 ч на следната е-маил адреса: m.manova@roads.org.mk.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Информации• Соопштенија• Новости
Известување
Информации• Соопштенија• Седници на совет• Новости
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Информации• Соопштенија• Новости
Алатки за учество на јавноста – ЛЕАП и СОЖС