Вторник, (03.10.2023 година) со почеток во 14 часот, во Големата сала на Општина Ресен, Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира промотивна кампања со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници.
Мерките кои се акредитирани и вооеедно ќе бидат презентирани на овој настан се следниве:
– Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделските
стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопственото земјоделско производство, подигање на нови насади и сл…)
– Мерка 3: Инвестиции во основни средства за преработка и
маркетинг на земјоделски производи ( изградба на преработувацки капацитети – млекари, кланицни капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема на истите и сл…)
– Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во
рурални средини (поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности, кои се лоцирани во рурални средини).
На настанот како презентери ке присуствуваат претставници на Телото за управување со ИПАРД И претставници на Агенцијата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.