Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 15-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.08.2026 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот,
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 14-та седница.
1. Годишна програма за работата на ОУ „Гоце Делчев“ – Ресен за учебната 2026/2027 година.
2. Годишна програма за работата на ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен за учебната 2026/2027 година.
3. Годишна програма за работата на ООУ „Браќа Миладиновци“ – с.Царев Двор за учебната 2026/2027 година.
4. Годишна програма за работата на ООУ „Славејко Арсов“ – с.Подмочани за учебната 2026/2027 година.
5. Годишна програма за работата на ООУ „Димитар Влахов“ – с. Љубојно за учебната 2026/2027 година.
6. Годишен извештај за работата на СОУ „Цар Самоил“ Ресен за учебната 2025/2026 година.
7. Годишна програма за работата на СОУ „Цар Самоил“ Ресен за учебната 2026/2027 година.
8. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ„ Цар Самоил“ Ресен за учебната 2026/2027 година.
9. Предлог – Одлука за определување на земјиште за привремено кампирање – Крани.
10. Предлог – Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата на „Преспански јаболкобер 2026“.
11. Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни свари-дидактичка опрема на ЈОУДГ “11 Септември“ Ресен.
12. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ресен.
Напомена:
– Точките од 1 до 7 од дневниот ред ќе Ви бидат доставени на вашите е-маил адреси и УСБ-стик, Ве замолуваме стиковите да ги носите со Вас на дента на одржување на седницата.
– Материјал по точка 9 од дневниот ред дополнително ќе Ви биде доставен.
Бр.08-2454/1 Претседател
20.08.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен