На 26 август, во пресрет на Светскиот ден на езерата, ве покануваме на градскиот плоштад во Ресен заедно да ја прославиме Преспа на јавната манифестација „Мојот дел од природата“. 
Очекувајте вечер исполнета со разговори, дружење, локални вкусови, игра и музика – но пред сè, можност заедно да размислиме за тоа како да го зачуваме природното богатство на Преспа и да создадеме иднина во која и луѓето и природата ќе напредуваат.
18:00 | Отворање на настанот
– Воведно обраќање на Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен
– Воведно обраќање на Робертина Брајаноска, извршна директорка на Македонското еколошко друштво
18:15 | Потпишување на Декларација за основање на Прекугранична работна група за шуми
18:30 | Панел-дискусија
„Зачувување и одржливо управување со природното наследство на Преспа“
Во разговорот ќе учествуваат:
• Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина при Општина Ресен
• Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при ЈУ Национален парк „Галичица“
• Драган Арсовски, раководител на Програмата за знаење и наука при Македонското еколошко друштво
• Маријана Милевска, проектна менаџерка во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за проектот „ЕУ за Преспа“
А покрај разговорите – Преспа ќе ја доживееме и преку она што го создаваат луѓето кои живеат тука. 
Вечерта ја започнуваме со автентична староградска музика со групата „Персиди“, а потоа продолжуваме со добро познатиот локален рок бенд „Пуш Пауза“.
Затоа што Преспа е наша – и секој од нас има свој дел од природата. 
Настанот се организира во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).


