ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот и ЈАВЕН ПОВИК за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион информира дека согласно Програмата за развој на туризмот за 2022 година Министерството за економија објави 2 јавни повици и тоа:

 

  1. ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот.

Предмет на јавниот повик е субвенционирање на туристички и угостителски претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци но не повеќе од 100.000,00 денари, по апликант направени за следните намени:

-Набавка на опрема и алати;

-Уредување/подобрување на деловниот простор или

-Одржување на обуки за вработените за подобрување на квалитетот на услугата

 

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2021 и 2022 година.

 

Право на учество имаат:Правни субјекти Лиценцирани или Категоризирани, регистрирани со шифра на дејност 79.11, 79.12, 55.10 и 56.10, во сопственост на жени над 50% и управувани од жени.

 

Крајниот рок за аплицирање по овој Јавен повик е до 30.06.2022 година.

Барањето со комплетната документација се поднесуваат скенирани по електронски пат со претходна регистрација на платформата oglasi.economy.gov.mk

 

Повеќе информации на следниот линк: https://economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-finansiska-poddrska-za-zensko-pretpriemnistvo-vo-turizmot.nspx?fbclid=IwAR1F8hLH3BPvvxM1BO-o6wWSN7rQGtaOHY4sJaOZVhzg1kuh-yn4MlerxC0

 

  1. ЈАВЕН ПОВИК за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

Право на учество имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и се категоризирани согласно Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознака во селските домаќинства во руралните средини од Законот за угостителска дејност.

 

Субвенционирањето ќе се врши преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци но не повеќе од 200.000 денари со вкалкулиран персонален данок, за следните намени:

-За уредување, опремување или реновирање на објектот согласно традицијата на крајот во која се наоѓа

-Согласно правилникот е потребно објектот да подготвува и послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа

-Да нуди услуги за сместување (до 5 соби)

-Надворешниот изглед на куќата да биде без оштетувања и знаци на дотраеност, и околината да биде уредена.

 

Кај оваа мерка ќе се земат во предвид докажаните трошоци направени во периодот од 01.01.2022 година до крајниот рок за аплицирање 30 Септември 2022 година.

 

Повеќе информации на следниот линк: https://economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencii-za-turisticki-celi-na-selski-domakinstva.nspx?fbclid=IwAR1OxcaiaMtMjArpkJDpNf9mlMeHCmHMGq5XovrHCjN5_sjORsG-OarK7Qs

 

За документи и начин на аплицирање, посетете ја страната на Министерството за економија https://economy.gov.mk/mk-MK/oglasi.nspx