Свикана 34-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 23.07.2019 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен
Врз основа на член 27 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 34-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 23.07.2019 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 33 седница
- Предлог – Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работни места во Јавната Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
- Предлог – Одлука за утврдување вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници вработени во Јавната Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на директорот и давателите на јавни услуги вработени во Јавната Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на Јавната Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
Советнички прашања.