Плоштад Цар Самоил бр.20 7310 Ресен • 047/551-770

Општина Ресен

Информации• Новости• Соопштенија

Одржана Конституивната седница на Совет на Општина Ресен

Одржана Конституивната седница на Совет на Општина Ресен

Денес се одржа конституивната седница на Советот на Општина Ресен, на која се избра Претседател на Советот на Општина Ресен. Во наредните четири години прв меѓу еднаквите во општинскиот совет ќе биде Д-р Менде Пашковски кој доаѓа од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За Подобра Mакедонија”.

Претходно седницата ја отвори највозрасниот советник Кицо Нонкуловски, а на истата се изврши верификација на мандатите на советниците и беше формирана Комисја за мандатни прашања, избори и именувања.

На Советниците им се обрати и Градоначалникот М-р Ѓоко Стрезовски кој им посака плодна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Општина Ресен.

Во новиот Општински Совет на Ресен кој брои 15 членови, 8 советници доаѓаат од редот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За Македонија Заедно”, 3 од редот на СДСМ и коалицијата” Сојуз за Иднината”, 3 од независна листа и еден советник од ДУИ.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Информации• Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК за работно ангажирање на 20 лица