ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства на спортски здруженија , клубови и спортски сојузи на територија на Општина Ресен за 2024 година

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските клубови и организациите од областа на спортот преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми и поддршка и развој на спортските активности кај младите

             Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија регистрирани на територија на Општина Ресен   според Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Општи услови за добивање на средства од програмата за спорт на Општина Ресен

    Организациите од областа на спортот  за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Ресен со поднесување на нивната годишна програма општите услови кои треба да ги исполнат се:

  • Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација.
  • Да дејствуваат на територија на Општина Ресен
  • Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт
  • Да организираат и спроведуваат систем на натпревари
  • Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри
  • Да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија
  • Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување

Критериуми за  oпределување на  висината  на финансиските средства од буџетот на општината за спроведување на активности  се :

– Традицијата на спортското здружение(клубот) и успехот во минатите сезони

– Рангот на натпреварување во кое учествува спортското здружение(клубот)

– Бројот на младите спортисти регистрирани во спортското здружение(клубот)

– Успехот на натпреварувачот и промоцијата на општината на државно и меѓународно ниво.

– Важноста на натпреварувањето на кое ќе учествува натпреварувачот за кое има барање за користење на средствата

– Промоција на Општина Ресен и интерес на публика надвор од општината

При поднесувањето на барање за доделување на средства од буџетот на Општина Ресен организациите од областа на спортот треба да поднесат  :

  1. Годишна програма за работа за 2024 година
  2. Барање за доделување на финансиски средства кое треба да биде потпишано и заверено со печат од страна на овластеното лице на организацијата. Барањето треба да ги содржи основните податоци на организацијата ( Полн назив на организацијата, седиште, даночен и матичен број , жиро сметка )
  3. Копија од решението за регистрација

  Барањето треба да се поднесе во архивата на Општина Ресен во запечатен плик

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Ресен е 15  дена по објавување на јавниот повик.

 

 

                                                                                                                     Градоначалник

                                                                                                                         Јован Тозиевски