Покана за финална форумска сесија

Општина Ресен во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2 фаза“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општините, почнува со реализација на  форуми во заедницата.

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на четвртата форумска сесија која ќе се одржи на 25.01.2024. година со почеток од 13:00 часот, во Големата сала во Општинската зграда во Ресен.

Во рамките на предвидените форумски сесии се дискутираше за проблеми кои ја засегаат општината и решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, кои ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.

На оваа финална форумска сесија, учесниците ќе имаат можност да ги приоретизираат предлог проектите кои го поминаа форумскиот процес и за кои сметаат дека се значајни за развојот на локалната заедница.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на регионалниот форумски процес.