Врз основа на член 23 став 3 од Законот за угостителска дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) член 36 ст. 1 т.15 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 23 ст.1 т.8 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен“ бр.7/2010,13/2013, 8/2015 11/2015 и 10/2021) Советот на Општина Ресен на седницата одржана на 28.12.2023 година, ја донесе следната
О Д Л У К А
за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен
Член 1
Со оваа Одлука се продолжува работното време во угостителските објекти за и без храна , без оглед на видот на угостителските услуги, на подрачјето на Општина Ресен за два часа наредниот ден за деновите:
- 05, 06 и 07.01. 2024 година – (Божик)
- 12,13 и 14.01.2024 година- (Стара Нова година)
- 19 и 20.01.2024 година – Богојавление(Водици)
- 08 и 09. 03.2024година – ( Меѓународен ден на жената)
- 04 и 10.04.2024 година – ( Рамазан Бајрам)
- 04 и 01.05.2024 година – (Ден на трудот)
- 04, 06.05. 2024 – (Велигден)
- 05.2024- (Матурска вечер)
- 24 и 25 05.2024 година – (Св. Кирил и Методиј)
- 14, 15 и 16.06.2024 година – (Курбан Бајрам)
- 05, 06 и 07.07.2024 година – (Иванден и Актерот на Европа)
- 07.2024 год. – ( Подмочански средби)
- 07.2024 година ( Иселенички средби с.Наколец)
- 07.2024 година –(Иселенички средби с.Грнчари)
- 08.2024 година –(Иселенички средби с. Болно)
- 08.2024 година – (Иселенички средби с. Брајчино)
- 02 и 03.08 2024 – (Илинден) – (Ден на Републиката)
- и 28.08 2024 – ( Успение на Пресвета Богородица)
- 06,07 и 08.09.2024 година –(Ден на независноста)
- 11 и 12.11.2024 година – ( Ден на народното востание )
- 22 и 23.11.2024 година – (Ден на македонската револуционерна борба)
- 06,07 и 08.12. 2024 година – ( Св. Климент Охридски )
Член 2
Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Ресен“.
СОВЕТ НА ОПШТИНА РЕСЕН
Бр.08-2675/4 Претседател 28.12.2023 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен