СООПШТЕНИЕ за начинот и постапката за полагање за испитот за чувар во заштитено подрачје Езерани

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека стручниот испит за чувар во заштитено пподрачје „Езерани“ ќе објави Јавен повик за полагање на испит за чувар во заштитено подрачје.

Кандидатите кои ќе пројават интерес за полагањето на испитот ќе бидат навремено известени за полагањето на испитот. Јавниот повик за полагање на испит за чувар во заштитено подрачје ќе биде објавен на веб страницата на Министерството, најмалку 15 дена сметано од денот на објавата на ова соопштение.

Стручниот испит за чувар во заштитено подраје се полага во 2 (два) дела и тоа усмен и писмен дел, доколку кандидатот добил оцена ,,положил,, на писмениот дел пристапува кон полагање на усмен дел од испитот во истиот ден.