Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница
на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 47-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.04.2024 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 46-та седница
- Извештај за работата на Совет на Општина Ресен за 2023 година.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2024 година – 31.03.2024 година ( прв квартал)
- Предлог- Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – патничко моторно возило на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог- Одлука за пренесување во живо на седниците на Советот на Општина Ресен.
- Предлог-Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2023/2024 година во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
- Предлог-Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2023/2024 година во OОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
- Предлог-Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2023/2024 година и еднодневен пролетен излет за учениците од прво до деветто одделение во OОУ ,,Славејко Арсов“ – с.Подмочани.
- Предлог- Одлука за донесување на Планот за управување со Споменик на природата Преспанско Езеро (2024-2033)
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2024 година.
- Збирен извештај за проценетата штета од атмосферска непогопда-врнежи од град на територијата на Општина Ресен за 2023 година.
- Предлог- Одлука за утврдување на финансиско учество во реализација на проектот “ ПРЕСПА КАМП ФЕСТ “
Напомена: Материјали по точките 9 и 10 дополнително ќе ви бидат доставени, додека Планот за управување со Споменик на природата Преспанско Езеро (2024-2033) ја добивате на USB стик.
Бр.08- 857/1 Претседател 08.04.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен