СООПШТЕНИЕ – Општинска изборна комисија

Почитувани,

Согласно Решение бр.17-1106/1 од 27.03.2024 година, Решение бр. 17-1106/2 од 27.03.2024 година и Решение бр .17-1106/3 од 27.03.2024 година на Државната изборна комисија:

Ве известуваме за дислокација на три избирачки места на територијата на Општина Ресен, каде ќе се гласа на претстојните Претседателски и Парламентарни Избори 2024 година, кои ќе се одржат на 24.04.2024 и 08.05.2024 година.

Избирачките места 1642 и 1643, од просториите на старата територијална противпожарна зграда Ресен се дислоцираат во просториите на ООУ,,Мите Богоевски’’ (стара зграда), ул.,,29 – ти Ноември‘‘, Ресен.

Промена има и во локацијата на избирачкото место 1625,  кое од продавница Горно Дупени се дислоцира во приватен објект во сопственост на Валентина Трифуновска с. Горно Дупени.

Наведените промени ќе бидат соодветно обележани и на самите локации каде ќе се одвива изборниот процес.

 

 

Со почит,

 

Општинска изборна комисија

Ресен