Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Советот на Општина Ресен
Ја свикувам 43-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.12.2023 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување на записникот од 42 -рата седница
- Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестации.
- Решение за номинирање член на управен одбор на Центар за социјална работа – Ресен.
- Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Општина Ресен.
- Предлог- Одлука за донесување на локален акциски план за управување со отпад на Општина Ресен за 2024 -2025.
- Предлог- Програма за субвенционирање на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Буџет на Општина Ресен за 2024 година.
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2024 година.
- Буџетски календар на Општина Ресен за подготовка на Буџетот на општина Ресен за 2024 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2024 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Ресен за 2024 година.