Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службeн гласник на Општина Ресен“ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015, 10/2021 и 10/2026), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 19-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.10.2026 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот,
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 18-та седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2026 година – 30.09.2026 година (трет квартал).
- Предлог – Одлука за времен престанок со работа на ПУ с.Стење при ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Царев Двор.
- Предлог – Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог – Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2027 година.
Бр.08-2975/1 Претседател
20.10.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен