Почетна


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА РЕСЕН


Ве информираме дека на ден 28.10.2019 год.(Понеделник), екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на есенска втора фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци)

                     

       

ПРЕДМЕТ:  ИНФОРМАЦИЈА ДО ОПШТИНА РЕСЕН                     

ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА РЕСЕН.

 

 

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен и решението на ДСЗИ за спроведување  на систематска дератизација на територијата на О. Ресен како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје -Битола го издава следново соопштение:

Ве информираме дека на ден 28.10.2019 год.(Понеделник), екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на есенска втора фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци).

Со дератизацијата ке бидат опфатени:

 

§  Дератизација на подземниот  канализациски систем и прифатните и ревизиони шахти во Општина Ресен

 

§  Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес:

-          Детски градинки:

-          Воспитно образовни институции:

-          Здравствени установи:

-          Останати објекти во градот од јавен интерес на локалната самоуправа,

          

§  Дератизација на јавната депонија

Фронтално поставување на родентицидни мамци во неколку зони

 

 

 

 

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат екипи на одсекот за ДДД при ЈЗУ ЦЈЗ Битола во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник од локалното комунално претпријатие во Општината. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.

Ве известуваме дека со слични соопштенија и информации се обративме и до сите медиумите кои ги покриваат овие активности, до комуналната инспекција, ДСЗИ и до МВР со цел за адекватно и благовремено информирање на граѓаните.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола е 208-100, 208-125.

Со надеж за Ваше разбирање, соработка и помош при спроведувањето на оваа акција однапред Ви благодариме.