Почетна


Општина Ресен доби нов чамец


Денеска градоначалникот на општина Ресен ги прими клучевите од новиот чамец кој што ќе се користи за одржливо управување со заштитените подрачја во Преспа.

Чамецот е добиен како дел од проектот „Подобро управување со заштитени подрачја“ и се реализира преку УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање. Една од мерките во овој проект е градење на технички капацитети на општината за што поефикасно управување со подрачјата, мерка којa резултираше со набавка на нов чамец за потребите на ренџерската служба.