Општина Ресен ги повикува граѓаните кои имаат штета предизвикана од природна непогода – поплава на објекти, предмети и добра во домаќинството, која се случи на ден 21.11.2025 година, да ги пријават во просториите на Општина Ресен.
- Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk
- Покрај барањето секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави:
- Фотокопија од имотен лист,
- Фотографии од оштетени објекти, предмети и добра во домаќинството (доколку има),
- Фотокопија од лична карта,
- Фотокопија од трансакциска сметка,
- Фотокопија од договор за закуп,
- Изјава за користење на лични податоци
- Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 16.12.2025 година, заклучно со 26.12.2025 година во Општина Ресен.
15.12.2025 година Градоначалник
Ресен Јован Тозиевски

