Ј А В Е Н   П О В И К : За пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен

Ј А В Е Н   П О В И К

За пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен

 

Општина Ресен ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица  која се случи во период од 01.05.2026 до 04.05.2026 година, да ги пријават во просториите на Општина Ресен.

  1. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk
  2. Покрај барањето секој барател треба да достави :
  • Фотокопија од имотен лист
  • Фотокопија од лична карта
  • Изјава за користење на личните податоци
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Фотокопија од договор за закуп
  • Изјава заверена на Нотар дека се наследници или го користат имотот (само за приватно земјиште) за лица на кои не им се завршени правните односи со поделба или префрлување.
  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 03.06.2026 година, заклучно со 19.06.2026 година во Општина Ресен.

Напомена: Оштетените површини да се пријавуваат според засадена површина , односно според соодветната површина која лицето ја поседува во  ЕРЗС регистарот на МЗШВ

 

02.06.2026 година                                                               Градоначалник

            Ресен                                                                                 Јован Тозиевски

 

Документација:

Барање штети – Гломразица 2026

Изјава лични податоци 2026

Изјава-за-користење-на-туѓо-земјиште