Ја свикувам 3-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.11.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 2-рата седница
- Предлог- Програма за работата на Општинската установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за дел од активностите и работа на Општинска организација на Црвен Крст на Ресен за 2026 година.
- Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар- машина за чистење на канализација на ЈКП “Пролетер “ Ресен.
- Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар- мини багер со гасеници и приколка на ЈКП “Пролетер “ Ресен.
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортска инфраструктура во Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за културни активности што се финасираат од Буџет на Oпштина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за одбележување на значајни настани и личности Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за еднакви можности на жените и мажите во Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог – Програма за активностите на Општина Ресен од областа на образованието во 2026 година.
- Предлог- Програма за реализација на активностите на Општина Ресен од областа на заштитата и спасувањето за 2026 година.
- Предлог-Програма за ревитализација по елиминирање на кризи во Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог-Програма за спроведување на соодветни мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за реализација на активности во областа на противпожарната заштита на Општина Ресен во 2026 година.
- Предлог- Програма за еколошка едукција за 2026 година.
- Предлог- Програма за активности на Mониторинг станицата на Преспанското езеро во с.Стење и инфо центарот на ПП Езерани во с.Езерани за 2026 година.
- Предлог- Програма ЈЕ – за изградба и одржување на сообраќајна сигнализација за подрачјето на Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма ЈИ-изградба на канализациони системи ЈИО-изградба на фекални канализации во Општина Ресен за 2026 година.
- Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште сопственост на Р. С Македонија за 2026 година.
Бр.08- 2661/1 Претседател
21.11.2025 година Коста Замановски
Ресен

