Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службeн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 2-рата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.11.2025 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот,
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записникот од 1-вата седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2025 година – 30.09.2025 година (трет квартал).
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог-План на програми за развој во Општина Ресен за 2026-2028 година.
- Предлог-Одлука за престанок и давање на времено користење на недвижна ствар- просторија на Црвен Крст- Општинска организација Ресен, за проект развивање на социјална услуга, помош и нега во домот.
- Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог-Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2026 година.
Бр.08-2579 /1 Претседател
07.11.2025 година Коста Замановски
Ресен

