Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 72-рата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 19.09.2025 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот,

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 70-та седница
  1. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „11 Септември“ Ресен за 2024/2025 година.
  2. Годишна програма за работа на ЈОУДГ  „11 Септември“ Ресен 2025/2026 година.
  3. Предлог – Одлука за утврдување на работното време на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „11 Септември“ Ресен во воспитно – згрижувачката 2025/2026 година.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност за прием на поголем или помал број на деца во воспитните групи на ЈОУДГ „11 Септември“ Ресен во воспитно – образовната 2025/2026 година.
  5. Предлог – Одлука за доделување на општински награди и признанија.
  6. Предлог – Оперативна програма за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Ресен за сезоната 2025/2026 година.
  7. Предлог –Одлука за одобрување на урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежни парцели со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија на ГП 1.49 и ГП 1.50 од ДУП за Дел од УЕ-3, Зона 1, Блок 1 на дел од КП 4565 и дел од КП 4562, КО Ресен, Општина Ресен со тех.бр. 04-39/2025 од јули 2025 година, изработен од страна на ПАРАМЕТАР ДООЕЛ Скопјe.
  8. Предлог – Одлука за констатирање на природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен.
  9. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи – пожар.

 

Бр.08- 2251/1                                                                          Претседател

12.09.2025 година                                                 Ирена Стрезовска Кукуловска с.р

Ресен