Ја свикувам Свечената седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 11.09.2025 година (Четврток) во 11:00 часот во Големата сала на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на работно Претседателство.
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Ресен г. Јован Тозиевски по повод 81 година од ослободувањето на Ресен и Преспа.
- Формирање на делегации за полагање на свежо цвеќе на бистите на паднатите борци.
- Доделување на општинско признание на УНДП – Програма за развој на Обединетите Нации.
Бр.08 – 2208/1 Претседател
04.09.2025 година Ирена Стрезовска Кукуловска с.р
Ресен