Вонредна седница

Врз основа на член 28 и 29  од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021) и член 95 од Деловникот на Совет на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 4/2005) донесувам,

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на вонредна седница на

Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 11-та (вонредна) седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 08.05.2026 година (Петок)  во  13:00  часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за констатирање на природна непогода –голомразица на територијата на Општина Ресен.
  2. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природна непогода – голомразица.

 

Бр.08-1432/1                                                                                    Претседател

07.05.2026 година                                                                    Коста Замановски с.р

Ресен