J A В Е Н П О В И К

за доделување на средства во вид на еднократна парична помош на лица со попреченост на подрачјето на Општина Ресен

Се повикуваат лицата жители на Општина Ресен да поднесат барање  за себе  или за член на семејството  кои имаат попреченост во менталниот или телесниот развој за доделување на еднократна парична помош во паричен иснос од 5.000,00 ден.

Лица со попреченост ги опфаќа следните категории  кои имаат:

  • пречки во телесниот развој (тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој),
  • интелектуална  попреченост (умерена, тешка и длабока),
  • оштетен вид (слепо и практично слепи лица),
  • оштетен слух (практично глуво и тотално глуво),
  • потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен   порано стекнат говор,
  • аутизам и
  • повеќе видови попреченост (комбинирани пречки во развојот).

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

− Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста и посебните потреби на лица со пречки во развојот издадено од соодветна установа и потврда од центарот за социјални работи дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост  или посебен додаток поради попреченост, врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија од соодветна терцијална здравствена установа.

− Лична карта за лицето кое бара еднократна парична помош, или лична карта на родител/старател.

− Трансакциска сметка за лицето кое бара еднократна помош или трансакциска сметка на родител/старател.

Образецот (Барање) може да се подигне од услужниот центар на Општина Ресен или од веб страницата на Општина Ресен со клик на следниот линк: Барање еднократна за лица со попреченост

Барањата се поднесуваат секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во услужниот центар на Општина Ресен или по пошта, на адреса на Општина Ресен, Плоштад „ Цар Самоил“ бр.20, Ресен заклучно со 25.12.2022 година.

Барањата со потребните  документи  може да се поднесат  и  на електронската адреса: kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk

Градоначалник

Јован Тозиевски