ГРАДОНАЧЛНИК
Биографија
Кратка биографија на градоначалникот на Општина Ресен.
Јован Тозиевски е роден на 04 септември 1983 год. во Битола. Сопруг и татко на две деца.
Јован е дипломиран економист. Од 2013 – 2021 година ја извршувал функцијата на член на Совет на Општина Ресен. Претходно бил волонтер во МЗШВ подрачна единица- Ресен и бил вработен во Јавно Комунално Претпријатие Пролетер Ресен.
Активно зборува англиски јазик. Негово хоби е скијање.
Јован Тозиевски е млад и динамичен политичар, кој е отворен и достапен за сите граѓани на Општина Ресен. Способен да им одговори транспарентно на аналитичките и административни предизвици. Методична одговорна и доверлива особа, чесна и стручна која може да работи на своја иницијатива или како дел од тим.
Надлежности
1. Ја претставува и застапува општината;
2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;
3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,
5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
8. Го извршува буџетот на општината;
9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;
12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
13. Раководи со општинската администрација;
14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.
15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот
16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
(2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.