Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 13 – та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.06.2026 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записникот од 12-та седница
- Збирен Извештај за проценетата штета од природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен за 2025 година настанати на ден 07.2025 година
- Збирен Извештај за проценетата штета од природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен за 2025 година настанати на ден 08.2025 година
- Предлог- Одлука за давање финансиска поддршка на ОУ Дом на култура „Драги Тозија “Ресен за реализација на проект со наслов: Култура ПРЕСПА-Преобликување на старата пожарна во Ресен во општински и мултикултурен центар за валоризација и промоција на културното и животното наследство на Преспа.
- Предлог- Одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар на СОУ „Цар Самоил“ Ресен.
- Предлог- Одлука за прифаќање донација, метеоролошки станици поставени во рамки на проектот Спортови на ветер – Преспанско Езеро.
- Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемување на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите .
- Предлог- Годишен план за вработување за 2027 година на Општина Ресен.
Бр.08-1871/1 Претседател
23.06.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен

