Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен“ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 12-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.05.2026 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записникот од 10-та седница
- Усвојување на записникот од 11-та седница
- Предлог – Општински енергетски план за 2027 година за Општина Ресен.
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 – Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2026 година.
- Предлог – Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Ресен за 2026 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП бр.635 во КО Горна Бела Црква, на барање на Ариф Меметовски од с.Горна Бела Црква, Ресен.
- Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградениот објект, на КП бр.1641/3 во КО Езерани со намената на земјиштето предвиден според Општиот акт за с.Езерани, на барање на Георги Ѓоргиевски од с.Езерани, Ресен.
- Годишен план за вработување на ООУ „Мите Богоевски“ Ресен за 2027 година.
- Годишен план за вработување на ОУ „Гоце Делчев“ Ресен за 2027 година.
- Годишен план за вработување на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Царев Двор за 2027 година.
- Годишен план за вработување на ООУ „Славејко Арсов“ с.Подмочани за 2027 година.
- Годишен план за вработување на ООУ „Димитар Влахов“ с.Љубојно за 2027 година.
- Годишен план за вработување за 2027 година на ЈОУДГ „11 Септември“ Ресен.
- Годишен план за вработување за 2027 година на ОУ Дом на култура „Драги Тозија“ Ресен.
- Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на ЈКП „Пролетер“ Ресен.
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за прифаќање донација – Противпожарно возило од Operation Florien Ltd (Операција Флоријан ДОО Обединето Кралство).
- Советнички прашања.
Напомена: Материјал по точка 2 од дневниот ред дополнително ќе Ви биде доставен.
Бр.08-1605/1 Претседател
21.05.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен

