Почитувани,
Општина Ресен, преку Секторот за животна средина, организира акција за пошумување со цел зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина во општината.
Акцијата се реализира во соработка со МЕН ЕНД МАУНТЕНС (МАМ), организатори на “Генералка викендˮ, кои обезбедуваат донација на садници, како резултат на нашето активно учество во истата. Насадите официјално го носат името “СОНЧЕВА ГОРА„.
На ден 14.03.2026 година (сабота), со почеток во 10:00 часот ќе се засадат 850 садници од Питом Костен и Јaвор. Собирната локација е платото на СОУ “Цар Самоил„ – Ресен.
Со ова Ве покануваме да земете активно учество во акцијата и заеднички да придонесеме кон создавање поздрава и позелена животна средина.
Со почит,

