Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

Ја свикувам 9 – та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.03.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 8-мата седница

 

  1. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
  2. Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
  3. Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2026 година.
  4. Програмски и Финансиски извештај на Општинска Установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2025 година.
  5. Финансиски извештај по завршна сметка за 2025 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
  6. Финансиски извештај по завршна сметка за 2025 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
  7. Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
  8. Финансиски извештај за 2025 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
  9. Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.
  10. Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.
  11. Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
  12. Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2025 година.
  13. Извештај за работењето на одделението Јавно прометни површини за 2025 година.
  14. Извештај за работата на градските гробишта во Ресен во 2025 година.
  15. Извештај за работата на канализација и пречистување на отпадни води во 2025 година.
  16. Извештај за реализација на Програмата за одржувaње на комунална хигиена за 2025 година.
  17. Извештај за работењето на градскиот пазар во Ресен во 2025 година.
  18. Извештај за реализација на Програмата и работењето на работна единица Водовод 2025 година.
  19. Измена/Дополнување на Годишниот план за вработувањe за 2026 година во ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен
  20. Решение за констатирање престанок на мандат и именување на членови во Управниот одбор на ЈОУДГ „11 Септември“-Ресен.
  21. Советнички прашања.

 

 

Напомена: Материјали по точките 3 и 12  дополнително ќе  Ви бидат доставени.

 

 

Бр.08- 805/1                                                                                    Претседател

06.03.2026 година                                                                    Коста Замановски с.р

Ресен