Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница
на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 65-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.04.2025 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 64-та седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2025 година – 31.03.2025 година ( прв квартал)
- Предлог- Одлука за отпис на наплатени обврски и застарени обврски кон изгаснати субјекти.
- Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за давање согласност на доделените средства за имлементација на активности во согласност со Акциски план за Преспанското Езеро.
- Предлог – Правилник за ставање вон сила на Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комунална инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост.
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата ФА-уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Ресен за 2025 година.
- Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2024 година.
- Измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2025 година во Општина Ресен.
- Советнички прашања.
Бр.08-1100 /1
17.04.2025 година
Ресен
Претседател
Ирена Стрезовска Кукуловска