Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службрн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам,
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 60-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.12.2024 година (Среда) во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записникот од 58-мата седница
- Усвојување на записникот од 59-тата седница
- Предлог – Буџет на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Буџетски календар на Општина Ресен за подготовка на Буџетот на општина Ресен за 2026 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2025 година.
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог- План за измени на План на програми за развој на Општина Ресен за 2025-2027 година.
Бр.08-2487 /1 Претседател
18.12.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен