Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службрн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам,

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

 

Ја свикувам 59-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.12.2024 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

–   Усвојување на записникот од 58-ма седница

 

  1. Предлог – Програма за унапредување на здравствената и социјална заштита во Општина Ресен за 2025 година.

 

  1. Предлог- Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2025 година.

 

  1. Предлог- Програма ЈД-Изградба и реконструкција на локалните патишта и улици во Општина Ресен за 2025 година.

 

  1. Предлог – Програма ФА-уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Ресен за 2025 година.

 

  1. Предлог-Програма за еколошка едукција за 2025 година.

 

  1. Предлог- Програма за чистење на речните корита на подрачјето на Оштина Ресен за 2025 година.

 

  1. Предлог- Програма за активности на Mониторинг станицата на Преспанското езеро во с.Стење и инфо центарот на ПП Езерани во с.Езерани за 2025 година.

 

  1. Предлог – Програма за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Општина Ресен за 2025 година.

 

 

 

  1. Предлог – Одлука за поддршка на проект со наслов: Култура ПРЕСПА-Преобликување на старата пожарна во Ресен во општински и мултикултурен центар за валоризација и промоција на културното и животното наследство на Преспа.

 

  1. Предлог- Одлука за поддршка на проект со наслов: Преспа ги исполнува хоризонтите: Истражување на непознати патишта за одржлив развој (Преспа се среќава).

 

  1. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестации во 2025 година.

 

  1. Предлог- Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ “11 ти Септември’’ – Ресен.

 

  1. Предлог – Програма за субвенционирање на ЈКП “Пролетер“ Ресен за 2025 година.

 

  1. Советнички прашања.

Бр.08-2414/1                                                                             Претседател

06.12.2024 година                                                     Ирена Стрезовска Кукуловска

Ресен