Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен (“Службрн гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам,
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 57-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2024 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 55-та седница
Усвојување на записникот од 56-та (вонредна) седница
- Предлог- Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог- План на програми за развој на Општина Ресен за 2025-2027 година.
- Предлог- Одлука за основање на Општински Совет за социјална заштита.
- Разгледување на Барањето од раководителот на службата за Онкологија и Палијативна нега –Клиничка болница Битола.
- Предлог-Одлука за извршување на отпис на должничките салда на непостоечки-избришани фирми на правни субјекти и трговци поединци по основ на комунална такса за истакнат назив на фирма односно деловна просторија и данок на имот на правни лица
.
Бр.08-2194 /1 Претседател
08.11.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен