Врз основа на член 1 и 4 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен Весник на РМ“ бр.61/04…192/15 год.), член 37 од Законот за даноците на имот („Службен Весник на РМ“ бр.61/04…151/21 год.) како и член 11 од Законот за комунални такси („Службен Весник на РМ“ бр.61/04…151/21 год.) , Општина Ресен, го објавува следниово :
С О О П Ш Т Е Н И Е ( П О В И К )
за подмирување на заостанат долг по основ на данок на имот и фирмарина
Општина Ресен апелира до сите граѓани и правни лица (даночни и таксени обврзници) да ги подмират своите обврски по основ данок на имот и комунална такса и со тоа да придонесат за развојот на општината.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината.
Се известуваат граѓаните на Општина Ресен кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот за правни лица дека даночната администрација на Општина Ресен ги достави решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2024 година.
Општина Ресен ги повикува сите даночни обврзници кои при доставата од било кои причини не добиле решение за утврдување на данок на имот и комунална такса, да дојдат во даночното одделение на Општина Ресен во Општинската зграда и да ги подигнат решенијата.
Рок за извршување на обврската за подмирување на даноците согласно Законот за даноците на имот е 15-ти ноември,
Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите даночни и таксени обврзници со неплатени обврски по основ на данок на имот и фирмарина да ги подмират во најкраток можен рок.
Општина Ресен
Бр.15-2057/1 Градоначалник,
22.10.2024 год. Јован Тозиевски с.р.