Ј А В Е Н П О В И К

Врз основа на програмата Општинско – корисна работа на ден 02.07.2024 година Општина Ресен  објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

Стари лица и лица кои што живеат самостојно

  како корисници на сервисни услуги

Се повикуваат сите стари лица кои живеат сами односно со својот брачен другар, како и лица кои што живеат самостојно да се вклучат во програмата Општинско – корисна работа која што ги опфаќа следните услуги:

  1. Подршка при самостојно живеење
  2. Набавка на лекови
  3. Поддршка при одржување на хигиена во домот
  4. Прошетка
  5. Помош при извршување на секојдневните обврски
  6. Поддршка за организирање на социјален живот во функција на активно стареење
  7. Организирање и поддршка при постета на културни настани во пензиорнетски здруженија и други здруженија
  8. Давање на основни информации за дигитални апликации
  9. Организација на креативни работилници за стари лица, организирање и поддршка на активности за трансфер на знаење од стари на млади лица

се со цел унапредување на квалитетот на животот на старите лица и лицата кои живеат самостојно и нивна инклузија во заедницата, како крајни корисници за користење на бесплатни сервисни услуги во домашни услови и надвор од домот, да се пријават во Општина Ресен во период од 02.07.2024 до 05.07.2024 година.

Потребни документи:

  • Барање за учество во програмата Општинско – корисна работа
  • Изјава за Согласност
  • Лична карта на увид

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Ресен кај лицето Илче Ристевски,  Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“.

 

 

                                                                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                    Јован  Тозиевски