Врз основа на чл. 69 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија„ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Службен весник на Република Северна Македонија број 89/22 и 171/22), како и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (“Службен весник на Република Македонија„ број 147/08 и 45/11) Градоначалникот на општина Ресен
О Р Г А Н И З И Р А
Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Планот за управување со
Споменик на природа Преспанско Езеро (2024-2033), општина Ресен
- Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Планот за управување со Споменик на природа Преспанско Езеро (2024-2033), општина Ресен.
- Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина може да се разгледа и во просториите на општина Ресен секој работен ден од 8 – 16часотпочнувајќи од 05.01.2024 година до 05.02.2024 година.
- Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 23.01.2024 година(вторник) во големата сала на општина Ресен, со почеток во 13.00 часот.
- Правните и физичките лица можат да го достават своето мислење во врска со Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина до општина Ресен во рок од 30 дена на јавен увид.
- Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на консултацијата со јавноста и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина или истите можете да ги испраќате на е-маил: kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk, ajman.almalla@resen.gov.mk, или по пошта на следната адреса: општина Ресен, Плоштад “Цар Самоил„ број 20, 7310 Ресен.
Нацрт СОЗС – План за управување со Преспанско езеро
Градоначалник на општина Ресен
Јован Тозиевски