Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/21), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 34 -та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.07.2023 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записникот од 33-та седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2023 година – 30.06.2023 година (втор квартал).
- Годишен извештај за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2022/2023 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2022/2023 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2022/2023 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2022/2023 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2022/2023 година.
- Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2023 година.
- Предлог- Годишен план за вработување за 2024 година на Општина Ресен.
- Предлог- Годишен план за вработување за 2024 година на ЈОУДГ“ 11 Септември“ Ресен.
- Предлог-Годишен план за вработување за 2024 година на ОУ Дом на култура ,,Драги Тозија “Ресен
- Предлог- Одлука за одобрување на финансиски средства на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог- Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на “ЈКП Пролетер“ Ресен.
- Разгледување на барање за добивање финансиска помош поднесено од Фарук Велиевски од Ресен.
Напомена: Материјал по точките 7, 8, 10 и 12 од дневниот ред дополнително ќе Ви бидат доставени.
Бр.08-1577/1 Претседател 18.07.2023 година Ирена Стрезовска Кукуловска
Ресен